дома Арсенал РУСИЈА ГРАДИ НОВ НОСАЧ НА АВИОНИ: Носач на авиони од 330 метри...

РУСИЈА ГРАДИ НОВ НОСАЧ НА АВИОНИ: Носач на авиони од 330 метри должина со капацитет од 90 авиони

Русија развила проект за нов носач на авиони за морнарицата, се наведува во програмата „Воена контрола“ на телевизиајта „Ѕвезда“

Според прелиминарните пресметки, должината на овој брод ќе изнесува 330 метри, ширина 40. Ќе може да носи до 90 авиони и хеликоптери како и да прими летала за надгледување со голем дострел.

Лансирниот систем на новиот брод ќе се состои од патека за полетување и уред за забрзување, а летачката палуба ќе биде двојно поголема од онаа која ја има „Адмирал Кузњецов“, кој засега е единствен носач на авиони во руската флота.

Телевизијата исто така наведува дека со развојот на бродови се бави Државниот научен центар Крилов. Работите ќе бидат спроведени во рамки на новата програма за државно вооружување која е планирана за период 2018-2025.