дома Русија РУСИЈА ДЕНЕС ИЗБИРА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Гласаат околу 110 милиони избирачи

РУСИЈА ДЕНЕС ИЗБИРА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Гласаат околу 110 милиони избирачи

Во Русија денес се оддржуваат претседателски избори на кои граѓаните избираат по седми пат шеф на државата. Во трка за претседател се осум кандидати.

На скоро 97.000 избирачки места гласаат околу 110 милиони избирачи, од кои на територијата на Русија живеат  108.968.869, а во странство 1.875.408 милиони во 144 земји.

Правото на  глас веќе го имаат искористено повеќе од   153.000 граѓани, а гласаа и војниците и цивилите кои работат на далечните острови на Северниот океан, војниците на Северната и Пацифистичката флота.

Скоро на сите избирачки места се поставени веб камери, кои треба да ја обезбедат контролата на почитувањето на изборниот процес. Изборите ги следат рекорден број на посматрачи-повеќе од  144.000. 1.500 посматрачи доаѓаат од  109 земји.

Сите избирачки места се обезбедени од припадниците на полицијата, а само во Москва за безбедноста се гржат повеќе од 17.000 полицајци.