дома Русија РУСИЈА ДОБИВА НОВИ СОЈУЗНИЦИ: Источна Европа и Балканот се поблиски до Русија!

РУСИЈА ДОБИВА НОВИ СОЈУЗНИЦИ: Источна Европа и Балканот се поблиски до Русија!

Резултатите од изборите во Молдавија и Бугарија се доказ дека Русија ќе добие нови сојузници во источна Европа, пишува „Волстрит џурнал“.

 

На претседателските избори во Молдавија победа прогласи социјалистот Игор Додон, додека во Бугарија новоизбраниот претседател е исто така социјалист, Румен Радев.

„Драстично ќе ги поправам односите меѓу Молдавија и Русија. Тие односи се од огромно значење за граѓаните на нашата земја“ – изјави Додон во пресрет на изборите.

Од пребројаните 99.9 отсто од гласовите, кандидатот на социјалистите добил 52.3 отсто, а економистката Маја Санду 47.7 отсто од гласовите.

Во регионот Гагаузија, каде живеат етнички Руси, жителите со огномет во раните утрински часови ја прославија победата на Додон.
Додон вети дека ќе биде претседател на сите граѓани на Молдавија.

Тој сака да го обнови односите со Русија која наметна ембарго на трговијата со вино и овошје од Молдавија, бидејќи таа земја потпиша со ЕУ договор за приклучување.

Од друга страна, Румен Радев многу активно се залага за укинување на санкциите спрема Русија.

Весникот додава дека резултатите од изборите во Молдавија и Бугарија се доказ дека постојат пукнатини во темелите на ЕУ, иницирани од реформирањето на Централна и Источна Европа после распадот на Советскиот Сојуз.