Русија експресно возврати: Естонски дипломат прогласен за персона нон грата и избpкан од земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија го прогласи естонскиот дипломат персона нон грата како одговор на протерувањето на рускиот дипломат, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Неодамна, новата естонска влада, веројатно донесе одлука да покаже лојалност кон своите покровители во Вашингтон и Брисел, и го прогласи апсолутно неосновано дипломатот на руската амбасада во Естонија за персона нон грата. Тој се занимаваше со прашањето за културата, образованието, односно сферите каде сè уште постои соработка меѓу нашите земји“, рече Захарова.
Таа додаде дека руската страна веднаш реагирала. Амбасадорот на Естонија беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија, каде му беше врачен одлучен протест и беше најавено протерување на еден од дипломатите на естонската амбасада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This