РУСИЈА Е ПОДГОТВЕНА СИТЕ ПОЛИЊА: Наскоро ќе ги опреми подморниците со нуклeapни дронови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската морнарица наскоро на четири од своите подморници, ќе распореди 32   „Посејдон”дронови, вели руската новинска агенција.

ТАС пред неколку дена објави дека се очекува две подморници носачи на „Посејдон” дронови да и се придружат на Северната флота, а уште две ќе и придружат на Пацифичката флота. Секоја од подморниците ќе носи најмногу по осум дронови, па според тоа, вкупниот број на Посејдон дронови  ќе достигне 32.

Посејдон е подводно беспилотно оружје, со два мегатони нуклеарно или конвенционално полнење кое може да плови илјадници стапки под површината на водата. Ова би можело да предизвика цунами доволно моќно да ги уништи крајбрежните градови и друга инфраструктура на неколку километри од брегот.

Посејдон може да достигне длабочина од еден километар, да патува со брзина од 200 км на час, а исто така е програмиран да ја  промени  насоката на движење за да избегне судир доколку е пресретнат.

“Развивме беспилотни подводни пловила што можат да одат во големи длабочини, екстремни би рекол, интерконтинентално, и што се неколку пати побрзи од подморници, врвни торпеда и разни видови бродови носачи”, рече рускиот претседател Владимир Путин на промоцијата на Посејдон посебно нагласувајќи ја способноста надронот за маневрирање.

И покрај тоа што вкупниот број на подморници на кои ќе има  Посејдон дронови сеуште не е откриен, во извештајот на ТАС стои дека еден од првите тестирања на Посејдон  ќе биде Проектот 09851 на подморницата Кхабаровск.

Подморниците од класата Оскар II исто така ќе можат да бидат опремени со Посејдон, со соодветни прилагодувања. Не е познато колку подморници од овој клас ќе бидат пренаменети за оваа цел.

ТАС тврди дека секој од овие подморници ќе може да носи до осум  Посејдон дронови. 

Прецизната тонажа на Посејдон варира во последниве неколку години, а во извештаите се вели дека има опсег од 100 на 2, но дури неколку мегатони се доволни за уништување на поголем крајбрежен град ако Посејдон работи како што се вели во извештаите.

Меѓутоа, она што Посејдон го нуди како новитет, може да се постигне и со традиционалните интерконтинентални балистички проектили, како и со хиперсоничните авиони како Авангард. Вторите имаат дури и поголема разрорна моќ и можат да стигнат до САД побргу, додека на Посејдон би му требале неколку дена.

Стратешките придобивки на ова оружје ќе бидат видливи на долг рок. Посејдон ја зголемува нуклеарната закана од Русија и можноста таа прва да нападне. За Кремлин ова оружје е начин да се заобиколи огромната американска ракета одбранбена мрежа.

Но, дури и ако може да се преземат мерки со кои би се спречил Посејдон да ги уништи крајбрежните градови, сепак тој има огромна разорна моќ. На пример, ако Посејдон експлодира покрај американското крајбрежје, во најмала рака ќе предизвика огромна политичка паника и ќе доведе до најразлични одбранбени реакции.

Руските медиуми ја изнесоа можноста Посејдон да биде употребен и против бродовите носачи на авиони и други бродови  носачи, за што би можел да биде наоружан со конвенционално полнење. Со оглед на трошоците за изработка на Посојдон, тој би можел да биде поевтин и поефикасен начин тие да се неутрализираат наместо конвенционалните интерконтинентални балистички проектили коишто досега се користеа.

За крај,  оружје како Посејдон во рацете на Русија би можела да претставува предност пред САД во разговорите за разоружување што се водат моментално .

И покрај тоа шти Посејдон е значаен напредок за  рускиот нуклеарен арсенал, секако доколку ги исполни очекувањата,  од поголемо значење се неговите стратешки придобивки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This