дома Русија РУСИЈА ЗАПЛЕНИ ТРИ УКРАИНСКИ ВОЕНИ БРОДА: Руската морнарица отворила оган врз украинските...

РУСИЈА ЗАПЛЕНИ ТРИ УКРАИНСКИ ВОЕНИ БРОДА: Руската морнарица отворила оган врз украинските бродови, по што биле запленети!

Украинските бродови „Бердјанск“, „Никопољ“ и „Јани-Капу“, кои ја преминале границата со Русија, се задржани, а против нив било употребено и оружје, соопшти руската Федерална безбедноста служба (ФСБ)

Украинските бродови не ги исполниле барањата на руските бродови кои ја прателе украинската морнарица и извршиле опасни маневри, како што се наведува во соопштението.

ФСБ истакнува дека, за да ги запрат украинските бродови, било користено оружје, по што бродовите се задржани во територијалните води на Руската Федерација.

Се наведува дека тројца украински војници се ранети, а пружена им е целосна медицинска помош, и не се животно загрозени.

ФСБ додава дека против нив е подигнато обвинение поради нарушување на државната граница на Руската Федерациај.

Исто така, ФСБ потсетува дека Украина е добро запозната со процедурата за премин на воени бродови низ територијални води на Руската Федерација и низ Керечкиот мореуз – таа процедура е користена и при премин на комерцијални бродови.