Русија зaбpaни обдykција на дипломатот кој зaгина во Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработен во руската амбасада во Берлин беше пронајден мртов до зградата на дипломатската мисија на Руската Федерација, а се претпоставува дека бил поврзан со руската тајна служба ФСБ, пишува неделникот „Шпигел“.

На 19 октомври, во близина на задната страна на објектот на руската амбасада во центарот на Берлин, полицијата пронајде безживотно тело на 35-годишен вработен во амбасадата, кој беше втор секретар на амбасадорот од 2019 година.

Весникот, повикувајќи се на безбедносни извори, наведува дека мажот наводно паднал низ прозорец на горниот кат на амбасадата. Изворите велат дека не е јасно како паднал дипломатот и која била причината за смртта.

Според „Шпигел“, германските безбедносни служби сметаат дека дипломатот бил тесно поврзан со внатрешната разузнавачка служба на Руската Федерација, ФСБ, која е задолжена за борбата против тероризмот. ФСБ е поврзана и со убиството на грузиски дисидент во Берлин во 2019 година.

Телото на рускиот дипломат веќе е пренесено во Русија, а амбасадата не дозволи претходна обдукција во Берлин. Руското Министерство за надворешни работи одби да даде информации за околностите на смртта на 35-годишниот дипломат, наведувајќи „етички причини“ и повикувајќи се на „трагичниот случај“.

Берлинската полиција одби да го коментира случајот и ги упати прашањата до Обвинителството. За откривање на телото, освен руската дипломатска мисија, досега не беше известувано. На истото место пред неколку години беше пронајден мртов и поранешен чувар на руската амбасада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This