дома Европа Русија издaдe пoтepницa зa нajблиcкиoт copaбoтник нa Алексеј Навални

Русија издaдe пoтepницa зa нajблиcкиoт copaбoтник нa Алексеј Навални

Руските власти издадоа потерница за Леонид Волков, близок соработник на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Соработникот на Навални ги повика граѓаните на Русија на 14-ти февруари, на Денот на вљубените, да се соберат пред своите куќи, да запалат светилки на нивните мобилни телефони и свеќи во форма на срце, да го снимат чинот и да го споделат на социјалните мрежи.

Агенцијата Интерфакс денес објави дека Волков моментално е во странство, пренесува Ројтерс.

Од апсењето на Алексеј Навални, познат критичар на рускиот претседател Владимир Путин, десетици илјади Руси протестираа на улиците на руските градови.