дома Русија РУСИЈА ИМА ДОКАЗИ: Британците се вмешани во наводниот хемиски напад во...

РУСИЈА ИМА ДОКАЗИ: Британците се вмешани во наводниот хемиски напад во Дума

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека има докази дека Велика Британија е вмешана во организирање на наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума во минатиот викенд.
– Имаме доказ кој покажува дека Британија директно е вмешана во организирање на таа провокација во источна Гута – изјави Игор Конашенков, портпарол на МО на Русија.

Тој рече дека министерството пронашло луѓе кои учествувале во снимањето на хемискиот напад во Дума и дека укажале како е напраена снимката. Според него, Лондон во периодот од 3 до 6 април вршел притисок врз претставници на Белите шлемови да побрзаат со извршување на планираната провокација.