дома Свет РУСИЈА И ТУРЦИЈА ЈА ЗАЦВРСТУВААТ СОРАБОТКАТА: Путин и Ердоган договориле засилена борба...

РУСИЈА И ТУРЦИЈА ЈА ЗАЦВРСТУВААТ СОРАБОТКАТА: Путин и Ердоган договориле засилена борба против тероризмот, но и зголемена трговска соработка!

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговарале за можните начини за решавање на сириската криза и договориле продолжување на дијалогот на ниво на министерства за надворешни работи, одбрана и специјални служби поради координирање на борбата против меѓународниот тероризам, соопштува прес-службата на Кремљ.

Како што се соопштува, телефонскиот разговор е одржан на иницијатива на турската стран.

„За време на темелниот разговор разгледани се и актуелните прашања за руско-турската политичка и трговско-економска соработка, вклучително и претстојните билатерални контакти на најразлични нивоа“ – се наведува во соопштението.