дома Свет Русија пoтвpди copaбoткa вo вceлeнaтa co САД дo 2030 гoдинa

Русија пoтвpди copaбoткa вo вceлeнaтa co САД дo 2030 гoдинa

Русија го потврди продолжувањето на Договорот за соработка во вселената со САД до крајот на 2030 година, соопшти денеска прес-служба на руската Влада.

– Договорот меѓу Русија и САД за соработка во истражување на вселената и користење на вселената во мирновременски цели ќе биде во сила до 31 декември 2030 година, се вели во соопштението на руската Влада.

Руско-американскиот договор за соработка во вселената, склучен во 1992 година, досега е продолжуван четири пати.