Русија со ултимaтум за отcтранување на Талибанците од листата на тepopистички организации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да започне постапката за повлекување на Талибанците од листата терористички организации, сите членови на Советот за безбедност на ОН мора да се погрижат новите авганистански власти да се однесуваат цивилно, изјави специјалниот пратеник на рускиот претседател Замир Кабулов.
„Кога оваа гледна точка ќе стане заедничка за сите, тогаш постапката ќе започне – со резолуција на Советот за безбедност на ОН. И веќе има технички прашања“, прецизира тој за телевизијата Русија 24.
Тој додаде дека е полесно да се постигне договор со Талибанците отколку со „марионетската“ влада во Кабул.
Кабулов претходно изјави дека засега, и покрај напредокот на Талибанците во Авганистан и нивната де факто контрола врз земјата, не се зборува за нивно отстранување од листата на терористички организации.

Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако започна офанзивата на Талибанците врз големите градови. Талибанците во неделата ја презедоа контролата врз сите гранични премини. Во текот на денот милитантите влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата. Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата за, според неговите зборови, да спречи крвопролевање. Портпаролот на политичката канцеларија на Талибанците, Мухамед Наим, подоцна објави дека војната во Авганистан е завршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This