Русија ја прекина испораката на гас за европа – Цената на струјата урива рекорди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цените на електричната енергија низ Европа се качија на загрижувалки нивоа поради зголемувањето на трошоците за купување природен гас и прекинувањето на физичкиот проток на овој клучен енергенс кон Германија низ гасоводот „Јамал-Европа“.

Цената на гасот скокна откако операторот за транспорт на гас „Гаскејд“ соопшти дека почнале резервните испораки на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Германија во Полска откако Газпром одбил да ги резервира капацитетите за пумпање гас за денес.

Цените на гасот значително пораснаа минатиот четврток, од минималните 1.450 долари на над 1.700 долари за илјада кубни метри. Таквиот ценовен шок би можел да биде поврзан со изјавите на шефот на германската Федерална мрежна агенција Јохен Хоман дека одлуката за сертификација на гасоводот Северен тек 2 веројатно нема да биде донесена во првата половина на следната година.

Цените на националните берзи на енергенси и на европската платформа ЕЕХ достигнаа рекордни нивоа. Трошоците за утрешната испорака надминаа 400 евра за Франција, Германија, Холандија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Италија и Словачка.

Што се однесува до Бугарија и Грција, цената е 342 евра и тоа е најниско меѓу пазарите. Цената за Србија е 396 евра, а за Романија 395 евра за мегават-час.

Главниот фактор во скокот на цената на струјата е природниот гас. Нему му се припишуваат 80 проценти од зголемувањата, а остатокот на порастот на трошоците за испуштање јаглерод-диоксид, што укажува на важноста на количествата гас во подземните резервоари на Европа.

Тие не беа доволно исполнети за време на летната сезона и искористеноста на капацитет на 1ви декември беше 67,5 отсто. Сега е веќе под 60 проценти, а резервите најчесто се празнат дури во јануари. Доколку зимата биде невообичаено студена, нивото до критични количества би можело да падне во февруари или март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This