дома Европа Русија co eднa милиjaрдa дoлapи ќe пoмoгнe вo oбнoвa на Сирија

Русија co eднa милиjaрдa дoлapи ќe пoмoгнe вo oбнoвa на Сирија

Русија одвои повеќе од една милијарда долари за реконструкција на електричната мрежа, индустриските постројки во Сирија и за други хуманитарни цели, изјави директорот на руско-сирискиот координативен центар за враќање на бегалците, Михаил Мизинцев.

„Повеќе од милијарда долари се издвоени за хуманитарни цели, реконструкција на електричната мрежа и објектите за индустриско производство, како и верски објекти“, рече Мизинцев на Меѓународната конференција за враќање на бегалците во Сирија.

Путин вчера за време на видео конференција со сирискиот претседател Башар ал-Асад, потврди дека Русија го поддржува одржувањето на претстојната меѓународна конференција за бегалците.

„Повеќето бегалци кои се надвор од Сирија се работоспособни луѓе кои би можеле и треба да учествуваат во реконструкцијата на нивната земја. Нивното враќање е во согласност со интересите на земјите што ги примија, пред се на сириските соседи. „Бидејќи товарот што го трпат е доста голем и тие имаат големи трошоци за нивно привремено сместување и други работи“, рече Путин.

Путин истакна дека младите бегалци можат да претставуваат закана за земјата во која живеат, затоа што тие паѓаат под влијание на екстремистите.