March 29, 2024, 12:41 pm

Руската вакцина ќе се произведува во Италија, Шпанија, Франција и Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија денес објави дека постигнала договори за производство на вакцината Спутник V против коронавирусот со „компании од Италија, Шпанија, Франција и Германија“ во очекување вакцината да биде одобрена во Европската унија.

Извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, наводно, денеска го објавил ова во Москва, но не кажа за кои компании станува збор.

Целта е да се обезбеди испорака на руски вакцини во европските земји штом ќе се добие одобрување во Европа.

Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште ги разгледува руските вакцини.

Италија веќе објави пред една недела дека Adienne Srl од јули ќе ја произведува Спутник V во Ломбардија, Италија.

Русија вели дека вакцината е веќе одобрена во скоро 50 земји, вклучително и во Унгарија, каде производството продолжува без одобрение од ЕМА.

Кремљ се пожали дека процесот на одобрување на Спутник V во Европа е исполитизиран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This