РУСКАТА ВОЈСКА РАЗВИ НОВ СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ВОЈУВАЊЕ: „Мурманкс БН“ систем кој блокира комуникации на 3.000 километри!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија разви систем наменет за поврзување и контрола на блокатори со долг домет „Мурманск БН“ кој може да ги блокира радио комуникациите на војската на САД и НАТО во опсег од три илјади километри, соопштуваат од Концернот за радио-електронски технологии (КРЕТ)

murmansk_blokator

Се очекува системот да биде дел од националниот систем за стратешко војување кој во моментов го развива Русија. Тој може да се смета за асиметричен одговор на Пентагоновата доктрина за мрежноцентрична војна, изјави советникот на првиот заменик генерален директор на КРЕТ Владимир Михејев.

Рускиот стратешки систем за електронско војување приманува сличен пристап во одбраната. „Наменет е за блокирање во информатичкото опкружување и спречување на противникот да прима и испраќа команди и целно ориентирани информации“, објаснува Михејев.

Прототипот на потсистемот КРЕТ успешно ги помина државните тестови. Тој набрзо ќе влезе во сериско производство. Прес службата на овој концерн не доставила информации за тоа кога новиот систем ќе влезе во служба на вооружените сили на Русија, но додаваат дека тоа ќе биде откриено подоцна.

Комплексот „Мурманск БН“, кој ќе го контролира новиот систем, се насочени кон блокирање на радио-комуникациите со максимален опсег од три илијади километри. Блокаторот е посебно насочен на комуникационите системи со висока фрекфенција, вклучително и глобалниот систем на висока фрекфенција (ГКСВФ).

ГКСВФ е прва светска мрежа на предаватели која овозможува команда и контрола на комуникациите помеѓу агенциите и американските воени авиони и бродови. Воените партнери на Вашингтон во НАТО имаат пристап на оваа мрежа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This