дома Македонија РУСКАТА ЦРКВА СО СВОЈ СТАВ: СПЦ и МПЦ сами треба да го...

РУСКАТА ЦРКВА СО СВОЈ СТАВ: СПЦ и МПЦ сами треба да го peшат спopoт

Претседателот на Одделението за надворешни врски на Московската патријаршија, митрополитот Иларион Алфејев смета дека прашањето за канонскиот статус на Македонската православна црква треба да се решава исклучиво во дијалог со Српската православна црква, без мешање на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во изјава за белградски „Новости“, митрополитот Иларион вели дека „Руската православна црква е длабоко убедена дека прашањето треба да се решава исклучиво преку дијалог меѓу СПЦ и православната црква во Макеоднија и оти цариградскиот патријарх никако не припаѓа на тој дијалог“.

– Промената на позицијата на Вартоломеј под влијание на политичарите, од наша гледна точка, претставува канонски престап за кој ќе одговара пред Бог. Ако се плетка и во односите меѓу СПЦ и македонската црква, постојат стравувања дека тоа ќе предизвика слични последици, изјави Иларион.
Во однос на случувањата во Црна Гора, истакнува дека РПЦ црврсто стои до СПЦ и нејзините верници во нивната „племенита, света борба против законот со кој црногорските власти директно се вмешаа во црковни работи“.

Иаларион, кој ја извршува должноста шеф на дипломатијата на РПЦ, вели дека претседателите на државите не можат да создаваат цркви. Тој смета дека „луѓето во Црна Гора кои излегуваат на улица против законот се чувар на црквата, а преставниците на државната власт кои одат против народот и црквата нема да завршат добро“.