дома КОВИД-19 (Коронавирус) Рускиот вицепремиер тврди дека ковид пасоши нема да има

Рускиот вицепремиер тврди дека ковид пасоши нема да има

Воведувањето единствен меѓународен сертификат за вакцинација против вирусот корона за патување во други земји е малку веројатно, бидејќи е тешко да се усогласат параметрите на таков документ, изјави за телевизијата „Русија 24“ рускиот вицепремиер Татјана Голикова.

„Ми се чини дека е невозможно да се усогласи, бидејќи не случајно Светската здравствена организација има само еден меѓународен сертификат. Тоа е затоа што е многу тешко да се прифати“, рече Голикова, коментирајќи го воведувањето единствен меѓународен сертификат за вакцинација против вирусот корона.

Според вицепремиерот, усвојувањето на единствен документ е тешко поради спецификите на секоја земја.

„Во ова прашање треба да се потпреме на Светската здравствена организација. Подготвува меѓународни правила во таа област. Ние сме нејзини членови и имаме право да го искажеме своето мислење и да учествуваме во донесување заеднички одлуки“, потенцира таа.

Претходно, Голикова изјави дека воведувањето на каков било вид koвиден пасош што ќе го ограничи движењето на луѓето меѓу земјите е недозволиво.