дома Русија РУСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ ВО АКЦИЈА: Адмирал Кузњецов снимен во акција во...

РУСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ ВО АКЦИЈА: Адмирал Кузњецов снимен во акција во Средоземното море!

Руското министерство за одбрана објави снимка од борбената должност на воздухопловниот тежок носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ во Медитеранот во близина на сирискиот брег

Групата на носачи на авиони на Северната флота работи на решавање на задача на обезбедување на морското присутво во источниот дел на Средоземното море, изјавил шефот на прес-службата на Северната флота капетан прва класа Вадим Серга.

Бродската група на Северната флота кон Средоземното море тргна на 15.октомври. Во составот се наоѓаат носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“, тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“, големиот противподморнички брод „Североморск“ и „Вицеадмирал Кулаков“ и бродовите за поддршка. Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека авијацијата од аеродромот Хмејмим и ловците СУ-33 од носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ се ангажирани во нападите против терористите во Сирија.

https://www.youtube.com/watch?v=NVJGFP-dkBM