дома Свет Руските безбедносни предлози неприфатливи за Вашингтон

Руските безбедносни предлози неприфатливи за Вашингтон

САД се подготвени да ги разгледаат руските предлози во областа на безбедноста, но некои од нив се сметаат за неприфатливи, изјави помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид.
Таа рече дека по прашањето за безбедносните предлози, САД се подготвени да дејствуваат дипломатски преку бројни канали, вклучувајќи ја и билатералната соработка, Советот Русија-НАТО и ОБСЕ.
„Подготвени сме да разговараме за овие предлози. Подготвени сме да работиме на некои работи и мислиме дека ќе биде корисно да разговараме за нив во форматите што ги наведов. Во тие документи има и други работи кои, знаат Русите, се неприфатливи за нас“, посочи Донфрид.
Што се однесува до преговорите со Русија во билатерален формат и во рамките на ОБСЕ, САД веруваат дека тие би можеле да се одржат во јануари 2022 година, додаде Донфрид.

Да потсетиме, Русија на 17 декември објави нацрт-договори со САД и НАТО, кои меѓу другото вклучуваат одредби за меѓусебни безбедносни гаранции во Европа, нераспоредување на ракети со среден и краток дострел и одбивање да натамошно проширување на НАТО на исток, вклучително и на сметка на поранешните републики на СССР.