дома Свет РУСКИТЕ БРОДОВИ ИСПЛОВИЈА ОД ТАРТУС: Поради опасност од ракетни удари, руските бродови...

РУСКИТЕ БРОДОВИ ИСПЛОВИЈА ОД ТАРТУС: Поради опасност од ракетни удари, руските бродови тргнаа да ги пресретнат американските

Судејќи по сателитските снимки кои ги објави компанијата ИСИ, бродовите на руската флота излегле од сириската база Тартус

Компаијата објави фотографии на кои на еден од доковите се наоѓаат бродови. На другата снимка бродови – нема. Наведено е дека руските сили испловиле во морето поради закана од можни удари.

На едната снимка се гледаат седум бродови закотвени во пристаништето, два противдесантни бродови „Грачонок“ и две дизел-подморници. На другата фотографија, датирана на 11.април, се гледа како поголемиот број бродови веќе не се на старото место, а дека во пристаништето има една подморница.

Министерството за одбрана на Русија засега нема коментар на оваа информација.