дома Свет Руските подморници претставуваат вистинска зakaна за земјите од НАТО

Руските подморници претставуваат вистинска зakaна за земјите од НАТО

Русија ја зголеми моќта на својата морнарица во раните 2000-ти, а руските подморници сега претставуваат вистинска закана за земјите од НАТО, пишува весникот „Дипломат“.

„Воениот потенцијал на Русија значително се подобри од 1991 година, благодарение на реформите во областа на модернизација и финансирање, како и на преминот кон високотехнолошко оружје. Сето ова заедно ги зголеми можностите на нуклеарните подморници. Зачувувајќи ги своите нуклеарни подморници, Русија стави акцент на нови можности, кои и овозможуваат да ја зајакне својата моќ. Овие подобрувања илустрираат ново ниво на закана за силите на Северно-атлантската организација (НАТО)“, се вели во написот.

Авторот на статијата забележува дека поминаа 16 години пред пуштањето во сообраќај на крстосувачот „Јуриј Долгоруки“, додека сега за такво нешто се потребни само шест години, а како пример ја наведе нуклеарната подморница „Принцот Владимир“ .

Во текстот се наведува и дека сите подморници се опремени со балистички ракети „Булава“ .

Исто така, се забележува дека во рок од седум години, осум дизел-електрични подморници на проектот 636,3 „Варшава“ беа пуштени во употреба.