На приодот на авио-базата Хмејмим во Сирија, руската противвоздушна одбрана уништила неколку непознати воздушни цели од помал размер, соопшти претставник од базата
„На 24.април пред зајдисонце контролата на воздушниот простор на руската авио-база Хмејмим, недалеку од аеродромот откри непознати воздушни цели од помал размер. Противвоздушните средства на руската авио-база ги уништила воздушните цели“, рекол претставникот на базата.
Според неговите зборови, нема повредени, ниту материјална штета.
Тој додава дека авио-базата работи по планираниот распоред.
Претходно рускиот ПВО веќе успеал да ги спречи нападите на беспилотните летала на руските воени објекти во Сирија.