Руски виролог тврди: Омикрон може да бидe живa ваkцинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сојот Омикрон би можел да биде жива вакцина создадена од природата, изјави вирологот, член дописник на Руската академија на науките Петар Чумаков во интервју за рускиот портал „Ура.ру“.
Според него, постои оптимистичко мислење дека корона вирусот брзо ја поминал втората фаза од својата еволуција, дека станал позаразен, но помалку патоген.
„Тоа е добро, бидејќи на тој начин природата можеби создала жива вакцина против коронавирусот. Значи, луѓето кои ќе се разболат и ќе го добијат овој вид на корона вирусот ќе станат отпорни на другите соеви кои предизвикуваат болести“, објасни рускиот виролог.

Благодарение на појавата на омикрон сојот на корона вирусот, тврди Чумаков, светот би можел да заборави на карантинот. Сепак, сè уште не е познато дали овој вид ќе ги потисне другите видови на коронавирус.

Светската здравствена организација соопшти дека новиот вид на коронавирус Б.1.1.529 (омикрон) предизвикува загриженост. Според претходните заклучоци на експертите, новиот вид може да зарази луѓе кои веќе биле заразени со корона вирусот, како и вакцинирани, додека симптомите варираат од замор до главоболки и болки во телото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This