дома Македонија Русковска: Во оваа фаза е неопходен притвор за Јанева

Русковска: Во оваа фаза е неопходен притвор за Јанева

Обвинителката Вилма Русковска вечерва рече дека е неопходно на Катица Јанева да и биде изречена мерката притвор од 30 дена.

Русковска појасни дека истрагата за случајот ,,Рекет “ може да потрае три месеци , а може и шест. Обвинението не е целосно готово , зашто во тек е истражната постапка за ,,Рекет” .

Таа вели дека веќе утре ќе го извести Судскиот совет за мерката што и е определена на шефицата на СЈО во оставка , за да можат понатаму да постапуваат.