дома Македонија Русковска дала наредба да ѝ се достави целокупната документација за сите...

Русковска дала наредба да ѝ се достави целокупната документација за сите 19 модулapни бoлници

По катастрофалниот пожар со 14 жртви што се случи синоќа во Kовид-центарот во Тетовската болница, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска дала наредба утре Бирото за јавни набавки да ѝ ја достави целокупната документација за јавните набавки за сите 19 изградени модуларни болници во Македонија, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Ова е сосема одделна истрага од онаа што го вршат петтемина основни јавни обвинители кои уште вршат увид по синоќешната катастрофа во Тетово, во која до темел изгоре модуларната болница, 14 лица го загубија животот, а 12 беа поведени.