дома Македонија РУСКОВСКА ПОТВРДИ ДЕКА БОКИ 13 КОНЕЧНО ДАЛ ИСКАЗ: За што разговарале 15...

РУСКОВСКА ПОТВРДИ ДЕКА БОКИ 13 КОНЕЧНО ДАЛ ИСКАЗ: За што разговарале 15 саати во обвинителството и што се крие од јавноста?!

Порталот Вечер вчера објави дека на 20 и 23 декември Бојан Јовановски, Боки 13, давал исказ во Јавното обвинителство за случајот Рекет кај обвинителката Вилма Рускоска. Првиот исказ е даван десет часа, а вториот повеќе од четири часа. Во тие искази, според сознанијата на Вечер, Боки 13 зборувал за рекетирањето и поделбата на пари од рекетот и, меѓу лицата кои земале од парите, спомнал близок роднина на поранешниот премиер Зоран Заев со иницијали В.З. Истото лице е спомнато и во контекст на закани кои Боки 13 ги примал во затворот Шутка.

Во истата прилика Боки 13 ги дал шифрите од неговите телефони на кои се наоѓаат снимки кои ги потврдуваат неговите искази, а кои МВР дотогаш не можело да ги отклучи. До објавата во Вечер овие распити беа тајна за јавноста.

Обвинителката Вилма Рускоска, истиот ден, потврди дека на тие датуми Боки 13 давал исказ кај неа, но со коментар дека не кажал ништо од тоа. Прво што би се запрашал секој е што правел Боки 13 кај Вилма Рускоска вкупно 15 часа ако не разговарале детали за случајот Рекет и за неговата невладина организација која е исто така обвинета. Оттаму, отпаѓа тврдењето на Рускоска дека Боки 13 без причина поминал 15 часа на распит кај неа.

Случајот Рекет, како и другиот случај рекетирање и измами преку невладината организација на Боки 13, секако дека се директно поврзани со врвот на СДСМ и власта. Како што е секому јасно дека Јавното обвинителство кое го предводи Љубомир Јовевски, кадар на Зоран Заев, прави се што може случајот да се заташка, а одговорноста да се фрли врз грбот на неколкумина извршители и за нив небитни политички ликови

Зошто исказите на Боки пред Вилма Рускоска на 20 и 23 декември кои, се до објавата во Вечер, беа тајна за јавноста. Зошто, воопшто, е потребно на средина од судење, првообвинет да даде исказ од 15 саати пред обвинител за тој процес? Обвинетиот и онака има распит пред судот и може да зборува се што има да каже, пред сите и пред јавноста. Но, очигледно, Боки имал потреба во 15 саати зборување да каже нешто, да порача преку Рускоска, што засега не е за јавност. Очигледно, исто така, е дека обвинителката Рускоска имала причина 15 саати да го слуша тоа во четири очи а не пред јавноста и судската порота. Пораките од Боки 13 секако се испратени.

После се, адвокатот на Боки 13 и обвинителката Вилма Рускоска изјавуваат дека немало спомнување на луѓе блиски до власта, туку Боки само објаснувал дека му се закануваат. И така, 15 саати, повторувал дека му се закануваат. Да се потсетиме, и адвокатот на Кичеец, како и Рускоска, своевремено тврдеа дека ни Кичеец не зборувал ништо пред обвинителката, за потоа да се појават најмалку три негови искази. Јовевски и Рускоска, своевремено, пред а се објави исказот на Камчев, тврдеа дека таму не се спомуваат политичари.

Секако дека во време од 15 часа се зборува за многу повеќе работи, а во дополнителен исказ се зборуваат работи кои не се претходно кажани. Ако обвинителството има толку цврсти докази за закани кон Боки 13, што преземале во врска со тоа? Време е и да каже Рускоска дали се декодирани и вештачени телефоните на Боки 13, или и тие ќе се држат во тајност а доказите од нив под тепих како со телефонот на Зоран Милески Кичеец. Каде се видео снимките од домот на Боки13 кои ги спомна на судењето и побара да се изнесат како доказ, а снимките се кај Рускоска. Игнорињето на телефонските докази од Кичеец и Боки би можело да биде сериозно дело уништување или прикривање докази. Она што Вечер го напишал како сознание ќе го видиме наскоро и на дело, како што и за претходните три случаи кои се оспоруваа па се потврдија.

Едно е важно, и влева оптимизам. Може да се кријат докази, да се кријат луѓе од власта и штитат од последиците но, наскоро имаме избори и тоа дава можност сите дела и недела поврзани со Рекет и измамите преку невалдината на Боки 13 да излезат на виделина. Ако некој лани кажеше дека недопирливата Катица Јанева денес ќе седи на обвинителна клупа веројатно ќе беше исмеан и ќе завршеше со кривичен прогон. А еве, сепак, тука сме каде што сме, гледаме дека во суштина му се суди на Боки 13, судењата за Рекет следат допрва.

Извор: Вечер.мк