дома Русија РУСКО МНР: Намерата за формирање на армија на Косово е опасна за...

РУСКО МНР: Намерата за формирање на армија на Косово е опасна за стабилноста на целиот Балкан и спротивно на меѓународните права!

Намерата на Приштина да формира вооружени сили на Косово е многу опасен чекор за стабилноста на Балканот и е во спротивност со Резолуцијата 1244 на СБ на ОН, изјави денеска портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

– Сметаме дека намерата на властите во Приштина да извршат трансформација на Косовските сили за безбедност во армија е апсолутно неодговорен чекор. Наш став е дека тоа е многу опасно за Балканот и за европскиот континент, изјави Захарова.

Таа додаде дека идејата е спротивна на Резолуцијата 1244 на СБ на ОН.