Рушењето на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето е „генерална проба“ пред отстранувањето на спомениците на Александар Македонски и Филип, предупредува новинарот Наум Стоилковски на својот ФБ профил
Според него, рушењето на споменикот на Ќосето е тест со цел да се измери реакцијата на јавноста, а согласно тоа да се донесе и одлука кога и дали ќе се рушат спомениците на Александар Македонски и Филип Втори. Секако, ова според барањата на Грција – коментира Стоилковски
„Генералната проба заврши со Ќосето, се чекаат сеизмолошките резултати од потресот во јавноста! Сега на ред се Воинот и Филип. Потсетете ме што уште беа првичните услови од Атина за “суштински преговори”? Напредок има, ама во рушење на позициите.“ – пишува Стоилковски на својот ФБ профил.