дома Занимливости РAСТE ЖИВOТНИOТ ВEК: Гeрмaнијa и понатаму е во пoрaст

РAСТE ЖИВOТНИOТ ВEК: Гeрмaнијa и понатаму е во пoрaст

Очекуваниот животен век во Германија и понатаму е во пoрaст, тој сега изнесува 83,3 години за новородените девојчиња и 78,5 години за момчињата, објави денес Федералниот завод за статистика во Визбаден, град во западна Германија.

Очекуваниот животен век, според статистиката, во споредба со минатата година се зголемил за 0,1 година, што претставува одредено забавување на растот во однос на претходниот период. До 2006 година, очекуваниот животен век во Германија во просек растел за 0,3 години на годишно ниво.

Експертите брзото зголемување на животниот век во Германија го поврзуваат со позитивното влијание на германското обединување врз здравствената заштита на жителите во областа што некогаш припаѓала на источна Германија.