дома Македонија САВЕВСКИ: Вазалите на власт си ја исполнија задачата што им ја даде...

САВЕВСКИ: Вазалите на власт си ја исполнија задачата што им ја даде империјалниот господар

Професорот Здравко Савески на Фејсбук напиша дека пратениците ги истуркаа уставните измени. Вели тоа е направено со амнестии и тендери. Со газење на демократијата, со газење на правната држава.

-Вазалите на власт си ја исполнија задачата што им ја даде империјалниот господар. САД сака да ја напика Македонија во НАТО во склоп на своите геостратешки планови целиот Балкан да го напикаат во својот воен сојуз. Ова за џабе не го правеа. Веќе нема да биде важно дали ја имаат поддршката од народот или не. Важно ќе биде да ги поддржува империјалниот господар. Сѐ додека е така, ќе владеат без разлика колку народот е незадоволен. Македонија не е на патот да стане европска земја. На патот е да стане полузависна азиско-африканска земја, каде друг, од надвор, кажува кој ќе владее и ќе го цица народот. Ова не е наша држава. Никогаш не била во овие 28 години. Ова е држава на крупниот капитал, кој ја контролира државата преку корумпирани политичари. Работниците и сите сиромашни цело време беа и се граѓани од втор ред. Со промената на името на државата стана очигледно она што и досега беше јасно: ова не е наша држава. За да биде наша – треба да се избориме. Не преку верба во корумпирани политичари врзани за крупниот капитал. Не преку гласање за „помалото зло“. Туку со наше самоорганизирање и преземање на власта во наши раце. Дали сме способни за тоа? Ќе биде тешко, исцрпувачки, но друг начин не постои, напиша тој.