дома Македонија САД бараат Македонија и Албанија да не се одвојуваат

САД бараат Македонија и Албанија да не се одвојуваат

WASHINGTON, DC - SEPTEMBER 12: A sign stand outside the U.S. State Department September 12, 2012 in Washington, DC. U.S. Ambassador to Libya J. Christopher Stevens and three other Americans were killed in an attack on the U.S. Consulate in Benghazi, Libya. (Photo by Alex Wong/Getty Images)

САД ја повикува Европската унија да одреди датум за почеток на преговори и за Македонија и за Албанија, без да ги одвојуваат.

„И Албанија и Македонија донесоа тешки одлуки, фундаментални реформи и двете заслужуваат да одат напред на својот пат кон ЕУ”, изјавија од Стејт Департментот за Гласот на Америка.

Ставот на САД доаѓа откако привремената влада во Бугарија соопшти дека Албанија е подготвена да започне преговори, но не и Македонија и дека ќе опстане на блокадата на преговарачката рамка на состанокот на Советот за општи работи на 14 декември.

Денеска Кирил Петков од формацијата „Продолжуваме со промената“ го доби мандатот за формирање влада од бугарскиот претседател Румен Радев и веднаш му го врати со имињата на новиот кабинет. Бугарското собрание на итна седница треба в понеделник конечно по три избори да ја изгласа новата влада.

Во меѓувреме, Франција, која го презема претседавањето со ЕУ од 1 јануари во следните шест месеци, најави поголема посветеност кон Западен Балкан.

„Историјата се повторува денеска и ние имаме посебна одговорност кон Западен Балкан. Таму мора да спроведеме политика на нов ангажман, но и инвестиции со цел да се фаворизира економската интеграција на регионот – рече францускиот претседател Емануел Макрон.

САД бараат Македонија и Албанија да не се одвојуваат

САД ја повикува Европската унија да одреди датум за почеток на преговори и за Македонија и за Албанија, без да ги одвојуваат.

„И Албанија и Македонија донесоа тешки одлуки, фундаментални реформи и двете заслужуваат да одат напред на својот пат кон ЕУ”, изјавија од Стејт Департментот за Гласот на Америка.

Ставот на САД доаѓа откако привремената влада во Бугарија соопшти дека Албанија е подготвена да започне преговори, но не и Македонија и дека ќе опстане на блокадата на преговарачката рамка на состанокот на Советот за општи работи на 14 декември.

Денеска Кирил Петков од формацијата „Продолжуваме со промената“ го доби мандатот за формирање влада од бугарскиот претседател Румен Радев и веднаш му го врати со имињата на новиот кабинет. Бугарското собрание на итна седница треба в понеделник конечно по три избори да ја изгласа новата влада.

Во меѓувреме, Франција, која го презема претседавањето со ЕУ од 1 јануари во следните шест месеци, најави поголема посветеност кон Западен Балкан.

„Историјата се повторува денеска и ние имаме посебна одговорност кон Западен Балкан. Таму мора да спроведеме политика на нов ангажман, но и инвестиции со цел да се фаворизира економската интеграција на регионот“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.