дома Свет САД го направија токму она за што постојано ја oбвинyваат Русија, и...

САД го направија токму она за што постојано ја oбвинyваат Русија, и сите молчат, нема пpoтepyвање на дипломати, нема состаноци на Советот за безбедност…

Земјите од Европската унија не можат да најдат начин соодветно да реагираат на информациите дека специјалните служби на САД и Данска ги прислушувале европските лидери, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Ниту Шведска, ниту Норвешка, ниту Франција, ниту Германија не можеа да не забележат дека американско-данското дуо изведе нешто со нив што не е сосема коректно. Навредените земји сè уште не сфатиле како да формулираат жалба. Невозможно е да се каже директно: Не сме задоволни од данската рака на Вашингтон, длабоко навлезена во внатрените работи на нашите земји“, нагласи таа.

Захарова посочи дека Шведска и Норвешка не објавија протерување на дански дипломати или воведоа други мерки, но „нежно побараа“ објаснување од Копенхаген, без никакви санкции, затворање на амбасадите, посети на Советот за безбедност на ООН или што било слично.

Како што рече таа, САД го направија токму она за што постојано ја обвинуваат Русија и најфантастично е што работата се одвиваше апсолутно легално.
Ако во тој скандал не се најде трага од Русија, ќе се вознемирам, додаде Захарова.

Како што претходно објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“, Агенцијата за национална безбедност на САД, со помош на Данска, надгледувала бројни европски политичари во периодот од 2012 до 2014 година, особено германската канцеларка Ангела Меркел, министер за надворешни работи (сегашна Претседател на Германија) Франк-Валтер Штајнмаер и кандидат на германскиот канцелар од Социјалдемократската партија на Германија Пер Штајнбрук.

Во светло на информациите што се појавија во медиумите за шпионирање на Меркел и други политичари, министерката за одбрана на Данска, Трине Брамсен, изјави дека акциите против сојузниците на Данска се неприфатливи.