дома Арсенал САД го обновува нуклeaрниoт aрсeнaл

САД го обновува нуклeaрниoт aрсeнaл

Администрацијата на Трамп бара средства за обновување на нуклеарниот арсенал, со објаснување дека останатите 1900 нуклеарки се веќе застарени.

Пентагон ги изјасни своите грижи за ранливоста на американската војска, и има цел да ја модернизира морнарицата со нови нуклеарни боеви глави со назнака W93, кои што би ги замениле постоечките W76 и W88. W93 кој ќе биде нов дизајн после неколку децении, требало да биде развиена до доцните 2030-ти. Целата програма се проценува со вредност од најмалку 14 милијарди американски долари.

Во случајот со новите нуклеарки, Пентагон изјави дека ке предизвика “технолошка инвестиција” против ризикот дека моменталните боеви глави, кои што исто така се монтирани на “Tридент” проектилите може да имаат хардверски проблеми.

Морнарицата на САД моментално има околу 1900 нуклеарки, кои доаѓаат во две варијанти: 1500 W76 и околу 400 W88. W76, во употреба од 1978 година, има моќ колку 6 Хирошима бомби (100 килотони), додека поновата W88 е пет пати подеструктивна од W76 (475 килотони).