дома Балкан САД ГО ПРИТИСНА КОСОВО: Откажано учеството на приштинските претставници во Европскиот центар...

САД ГО ПРИТИСНА КОСОВО: Откажано учеството на приштинските претставници во Европскиот центар за безбедносни студии!

Соединетите Американски Држави ја откажаа покана за претставниците приштинската влада кои требаше да учествуваат во осум програми на Европскиот центар за безбедности студии „Џорџ К. Маршал“ во Германија, пишува приштинскиот „Зери“.

Откажување на поканите следеше по упорното одбивање на Приштина да ги укине даноците кон Србија.

Информацијата ја потврдија и претставници на американската амбасада во Приштина.

Од таму изјавија дека оваа сакција ќе започне во март и ќе трае до септември.

Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ се занимава со прашања од транснационална и регионална безбедност.

Претходно, САД не му издаде виза на Харадинај и поради тоа тој не можеше да присуствува на Молитвениот појадок, а командантот на Националната гарда ја откажа посетата на Приштина.