April 18, 2024, 11:09 pm

САД досега потрошиле 1,5 милијарди долари за вoopyжување на Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Држави ќе му достават на Киев големо количество воена опрема и оружје доколку Русија преземе недозволиви дејствија против Украина, изјави вршителот на должноста Кристина Квин во Украина, додавајќи дека САД и доставиле помош на Украина од 1,5 милијарди долари од 2014 година.
„Во случај Русија да преземе недозволиви дејствија против Украина, ќе и испорачаме повеќе опрема и оружје на Украина. На крајот, ќе обезбедиме зајакнување на нашите сојузници од НАТО кои се граничат со Украина“, рече таа.

Таа потсети дека САД долги години и пружаат помош на Украина во областа на безбедноста, меѓу другото и во испораката на одбранбено оружје.
„Нашата последна серија оружје пристигна пред една или две недели. И ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина. Само оваа година испорачавме помош од 450 милиони долари за Украина за да обезбедиме безбедност. Од 2014 година и дадовме на Украина повеќе од две и пол милијарди долари. Ќе продолжиме да ја проценуваме ситуацијата и ако Русија преземе недозволиви акции против Украина, ќе испорачаме дополнително оружје“, рече дипломатот.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на „агресивните акции“ од страна на Русија во близина на границите на Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа никому не се заканува и никого не треба да загрижува.

Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси. Во Русија, овие обвинувања беа постојано демантирани, нагласувајќи дека тие најчесто се користат како изговор за да се донесат повеќе сили и опрема на НАТО на границите на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This