САД имa пpeкy 40 милиoни зapaзeни – вaкoв peкopд пocлeдeн пaт имaшe вo jaнyapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на нови Ковид-19 случаи во САД минатата недела достигна највисоко ниво последен пат забележано во јануари. Просечните неделни бројки за првпат се зголемија до повеќе од 160.000 случаи.

Податоците за болеста, следени од Ковид-19 тракерот на Њујорк тајмс, покажуваат дека просечниот број во периодот од 31 август до 5 септември се искачил до нивото од крајот на јануари.

Истовремено, вкупниот број на Ковид-19 случаи во САД во понеделник ја надмина бројката од 40 милиони, додека повеќе од 648.000 луѓе починале како резултат на болеста.

Расте бројот и на смртни случаи во текот на една седмица до речиси 1.400. Ова ниво на морталитет претходно се набљудуваше во март, кога тој показател се намали по јануарскиот максумум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This