„САД испрати јасна порака со бoмбapдиpaњето во Ирак и Сирија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД презедоа неопходни и соодветни активности кога почнаа воздушни напади против милиции поддржани од Иран во Ирак и Сирија и со тоа испратија силна и важна порака, истакна денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Презедовме неопходна, соодветна, намерна акција што беше дизајнирана да го ограничи ризикот од ескалација, но и да испратиме јасна и недвосмислена порака за спречување, изјави Блинкен во Рим.

Американските воени авиони Ф-15 и Ф-16 бомбардираа оперативни објекти и складишта за оружје на две локации во Сирија и една во Ирак, но не се открива дали има жртви во нападите.

Нападите са извршени по директна извршна наредба на претседателот Џо Бајден и ова е вторпат американскиот претседател, откако ја презеде функцијата пред пет месеци, да нареди напад врз силите поддржани од Иран.

Ирачката влада го осуди воздушниот напад на САД по должината на нејзината граница со Сирија и нагласи дека ќе ги „проучи сите законски опции“ за да се спречи повторување на таквата акција.

Кабинетот, предводен од премиерот Мустафа ал-Кадими, одржа итен состанок на Советот за безбедност по воздушните напади на САД, што ги нарече кршење на ирачкиот суверенитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This