САД и Европа спремни за Руска инвазија на Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави се координираа со европските сојузници пред разговорот на претседателот Џо Бајден со рускиот претседател Владимир Путин во вторник, за пакет финансиски санкции што ќе наметнат „значајна и тешка економска штета за руската економија“ доколку Путин започне со инвазијата на Украина.

„Имавме интензивни разговори со нашите европски партнери за тоа што би направиле колективно во случај на голема руска воена ескалација во Украина и веруваме дека имаме пат напред кој ќе вклучи значителни економски контрамерки и од Европејците и од Обединетите нации.“, пренесуваат американските медиуми.

Но, од таму ја целат дека е мала можноста за директно американско воено вмешување во судирот на источната граница на Украина, каде што Русија ги зголемува воените трупи, што пак ја разгоре меѓународната загриженост.

Во соопштението на Белата куќа објавено подоцна истиот ден, откако Бајден се јавил кај неговите европски колеги, сепак, не се споменуваат санкции. Во соопштението пишува дека Бајден и лидерите на Италија, Франција, Германија и Британија се согласиле дека дипломатијата „е единствениот начин за решавање на конфликтот во Донбас преку спроведување на договорите од Минск“. Тие исто така ја повикаа Русија да ги „деескалира тензиите“ и „ја истакнаа нивната поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, стои во соопштението.

Портпаролот на владата на Обединетото Кралство изјави дека премиерот Борис Џонсон ветил за време на повикот дека неговата земја „ќе продолжи да ги користи сите економски и дипломатски алатки што и се на располагање за да спречи каква било руска агресија врз Украина“ како и дека европските лидери планираат повторно да зборуваат.

Портпаролот на американскиот секретар за надворешни работи Блинкен, изјави дека секретарот се договорил со Зеленски за „потребата од мирно, дипломатско решавање на конфликтот“ и целосно враќање на „украинскиот суверенитет над нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Крим“.

Заканата од руска инвазија на Украина се засили во текот на изминатата недела, при што Вашингтон пост прв објави минатиот петок дека американските разузнавачи се сомневаат дека Москва планира офанзива на повеќе фронтови во која ќе учествуваат до 175.000 војници што може да се случи веднаш.

Во меѓувреме, американските власти ги ескалираа своите предупредувања дека Вашингтон ќе возврати ако Москва ги премести своите сили преку границата во Украина, како што направи претходно во 2014 година.

Блинкен, говорејќи минатата среда на завршувањето на состанокот на НАТО во Летонија, предупреди дека Соединетите Држави се „подготвени да наметнат сериозни трошоци за понатамошна руска агресија во Украина“.

„Јасно му ставивме до знаење на Кремљ дека ќе одговориме одлучно, вклучително и со низа економски мерки со големо влијание, од кои се воздржувавме во минатото“, истакна Блинкен.

Минатиот четврток Блинкен се сретна лице в лице со неговиот руски колега, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, на маргините на состанокот на ОБСЕ во Европа минатиот четврток во Шведска.

По таа сесија, Блинкен им рече на новинарите на прес-конференција дека „јасно ја кажал нашата длабока загриженост и нашата решеност да ја сметаме Русија одговорна за нејзините постапки, вклучително и нашата посветеност да работиме со европските сојузници за да наметнеме тешки трошоци и последици за Русија, доколку таа преземе натамошна агресивна акција против Украина“.

Потоа, минатиот петок, Блинкен повторно предупреди во интервју за Ројтерс дека „ќе има многу сериозни последици“ доколку Русија „се вклучи во обнова на агресија против Украина“.

Бајден, од своја страна, им рече на новинарите минатиот петок дека бил во „постојан контакт“ со украинската влада и европските сојузници на Америка, додавајќи дека Блинкен и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, исто така, биле „опширно ангажирани“.

„Она што го правам е да го составам она што верувам дека ќе биде најсеопфатниот и најзначаен збир на иницијативи за да му биде многу, многу тешко на г. Путин да продолжи и да го прави она што луѓето се загрижени дека може да го направи“, изјави Бајден.

Објавувајќи ги плановите за повикот Бајден-Путин минатата сабота, прес-секретарот на Белата куќа Џен Псаки рече во изјава дека претседателот „ќе ја нагласи загриженоста на САД од руските воени активности на границата со Украина и ќе ја потврди поддршката на Соединетите држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Реториката на Русија се префрли во последниве месеци од нејзиното долгогодишно барање да не и се дозволи на Украина да се приклучи на НАТО, до приговор за какво било присуство на НАТО во Русија. Додека во меѓувреме, американски, британски и канадски војнициев ги обучуваат украинските сили на локација во далечниот западен агол на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This