дома Свет САД КАКО „САЈБЕР ВРЕЌА“ ЗА УДИРАЊЕ: Генералот на сајбер командата, мисли дека...

САД КАКО „САЈБЕР ВРЕЌА“ ЗА УДИРАЊЕ: Генералот на сајбер командата, мисли дека САД нема одбрана на сајбер нападите од целиот свет

Генерал-полковникот Пол Накасон, кого претседателот на САД Доналд Трамп го именуваше за командант на Сајбер командата на американската војска и новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (НСА), изјави дека не смета дека Русија, Кина и другите земји очекуваат премногу одговори од САД за сајбер нападите, пренесува Ројтерс.

„Тие не мислат дека нешто многу ќе се случи. Изгледа дека ние сме сајбер вреќа за удирање на целиот свет“, вели Накасон.

Ројтерс наведува дека тој, одговарајќи на прашање на сенаторот Даниел Саливен, го изјавил овој став при сослушување пред именувањето на функцијата во Сенатот.

Доколку успешно помине сослушувањето, Накасон истовремено ќе стане генерал, директор на НСА и командант на Сајбер командата на војската на САД.