дома Свет САД: Комплекс од кoнтaминиpaни згради за тестирање нyклeapни гopивa ќе бидат ypнaти

САД: Комплекс од кoнтaминиpaни згради за тестирање нyклeapни гopивa ќе бидат ypнaти

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави уривање на десет контаминирани згради на некогашниот државен лабораториски комплекс за тестирање нуклеарни горива и течен метал во близина на местото Санта Сузен, северозападно од Лос Анџелес.

Тој лабораториски комплекс е отворен во 1940 година, а во 2010 година е издаден судски налог за негово уривање.

Уривањето и безбедното отстранување на остатокот десет згради е неопходно со цел да се намали ризикот од нуклеарна контаминација во случај на сезонски шумски пожари во околината на комплексот во Санта Сузен.