дома Свет САД НАЈАВИ НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА: Американскиот Стејт департмент објави дека ќе...

САД НАЈАВИ НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА: Американскиот Стејт департмент објави дека ќе наметне дополнителни санкции за Русија

Американскиот Стејт департмент објави дека ќе наметне дополнителни санкции за Русија, откако Москва не даде разумни уверувања дека нема да користи хемиско оружје и по нападот на нервниот агент врз поранешниот двоен разузнавачки службеник во Англија.

Во август, Стејт департментот, и се закани на Русија со дополнителни санкции во рок од 90 дена ако не го почитува Актот за елиминација на хемиско и биолошко оружје од 1991 година, објави Ројтерс.