дома Свет САД нема ги kaзни вojниците за yбиcтвото на 10 цивили во Кабул,...

САД нема ги kaзни вojниците за yбиcтвото на 10 цивили во Кабул, меѓу кои имаше и седум деца

Ниту еден од американските војници кои учествуваа во нападот со дрон во Кабул, кога на крајот на август беа убиени 10 цивили, нема да се соочи со каква било казна, бидејќи американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги одобри препораките на двајцата команданти, а изјави денеска висок претставник на Пентагон.

Истрагата на високо ниво за нападот не утврди прекршување на законот, но не ги ослободи целосно инволвираните, велејќи дека тоа е работа на командантот

Пентагон во септември призна дека последниот напад со беспилотно летало на САД, пред да се повлечат американските трупи од Авганистан на 30 август, беше трагична грешка во која загинаа цивили, вклучително и седум деца, откако првично беше кажано дека е неопходно да се спречи нападот на Исламската држава на армијата, објави „Њујорк тајмс“.