дома Свет САД НИКОГАШ НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕВЗЕМЕНИТЕ ОБВРСКИ: Иранскиот лидер со изјава по...

САД НИКОГАШ НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕВЗЕМЕНИТЕ ОБВРСКИ: Иранскиот лидер со изјава по излегувањето на САД од нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека излегувањето на САД од нуклеарниот договор е важно историско искуство за Иран


Рохани додава дека САД никогаш не ги почитуваат обврските кои ги превземаат врз себе.

„Иран се придржуваше до сите обврски од нуклеарниот договор, го реализираше“, рекол Рохани.

Тој вети дека иранската економија по денешната одлука на САД ќе продолжи да се развива.

Рохани изјавил дека дал налог до Иранското МНР во наредните неколку недели да разговара за нуклеарен договор со европските држави, Русија и Кина.