САД одби да даде виза на грчки пратеник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високиот комесар за меѓународни работи, Жозеф Борел, беше повикан да интервенира откако САД му одбија виза на грчкиот европратеник. Левичарската група од ЕУ во Европа побара од највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеф Борел да интервенира во случајот на грчкиот европратеник Стелиос Кулоглу, кому му беше одбиена виза за патување во САД.

„Постојано одбивање виза на Кулоглу се должи на неговата претходна работа како новинар и режисер на документарни филмови. Оваа антидемократска одлука доведе до недостаток на застапеност на нашата група во мисијата на Европскиот парламент во САД“, стои во соопштението на групата.

„Исто така, го повикуваме високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеф Борел, решително да интервенира во случајот, да побара јасно објаснување од американските власти и поништување на одлуката“, се бара во соопштението.

Грчкиот европратеник Стелиос Кулоглу, член на европската левичарска група, не доби виза за патување во САД дури и за мисии кои што беа дел од неговите парламентарни активности откако тој беше избран за пратеник во ЕУ во 2014 година.

Последниот инцидент беше пред неколку недели кога му беше одбиена виза за патување во Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Шефот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, неодамна испрати писмо до американската амбасада во Брисел, барајќи „јасно објаснување“ зошто на Кулоглу му била одбиена визата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This