дома Актуелно ТЕКСТ КОЈ БЕШЕ ЗАБРАНЕТ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ: Бејли си најде нови радикали кои...

ТЕКСТ КОЈ БЕШЕ ЗАБРАНЕТ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ: Бејли си најде нови радикали кои ќе ја туркаат идејата за федераизирање и дестабилизација на Македонија!

Американците решиле дека повеќе немаат корист од екс-командантот на УЧК и лидер на ДУИ Али Ахмети, па својата љубов планираат да им ја подарат на оние кои останаа верни на радикалните националистички големоалбански идеи, а кои воедно застанаа во поддршка на Зоран Заев

Имено, претставници на амбасадата на САД имале интензивни средби со претставниците на другите албански политички партии, како што се радикалите од БЕСА, од со струшкиот градоначалник Зијадин Села кој е и лидер на отцепеното крило од ДПА т.н. Движење за реформи на ДПА, но и со партијата на Гзим Острени „Унитети“.

Познато е во јавноста дека овие партии и партиски лидери отворено се залагаа за двојазичноста и федералзирање на Македонија, а последна во изјавите беше онаа на Села кој изјави дека „ако е проблем да се спроведе двојазичност, тогаш дај да се поделиме и готово“, притоа отворено застанувајќи зад предлогот на Заев за двојазичност на целата територија на Р.Македонија.

БЕСА пак од почетокот на насилствата е во првите редови на „шарените“ и на протестите на СДСМ, а Гзим Острени и Унитети ги снабдуваат протестите со поддршка од 113-та бригада на УЧК.

Зачестените средби на американските дипломати со помалите партии на Албанците во Македонија доаѓаат откако традиционалните партнери на САД од албанскиот политички блок од ДУИ во вторникот се солидаризираа со ВМРО-ДПМНЕ во блокирањето на работата на СЈО за која Американците сметаат дека е клучна институција за излез на Македонија од политичката криза што би ја вратило земјата на евро-атлантскиот пат.

Овие изјави на претставниците на американската администрација во Скопје се на линија на Коминикето од последниот НАТО Самит што се одржа на почетокот на јули годинава во Варшава. Во коминикето се предупредува дека Македонија е одвлечена далеку од вредностите на НАТО и тоа ги загрижува партнерите.

„Со оглед на загриженоста за политичките настани во Македонија, што ја однесоа земјата уште подалеку од вредностите на НАТО, бараме од сите политички лидери во земјата целосно да ги имплементираат обврските превземени со Договорот од Пржино од јуни и јули, како рамка за одржливо решение на политичката криза“, стои во Коминикето од НАТО Самитот во Варшава.

И од Движењето Беса соопштија дека денес се сретнале со Дејвид Стивенсон, раководител за политички и економски прашања во Амбасадата на САД. Лидерот Биљал Касами изјави дека неговото движење силно ја поддржува работата на Специјалното јавно обвинителство, но исто така инсистира на формирање на специјален суд . „Ние не сакаме да се занимаваме со ДУИ, која сметаме дека е горчливо минато на Албанците во Македонија, туку после 11 декември како да ја направиме Македонија прифатлива за Албанците“, изјави Касами по средбата со американските дипломати.