дома Свет САД ПРЕДИЗВИКА НОВА ВОЈНА: Со признавањето на Ерусалим за претстолнина на Израел,...

САД ПРЕДИЗВИКА НОВА ВОЈНА: Со признавањето на Ерусалим за претстолнина на Израел, САД предизвика нова војна и повеќе смрт!

Палестинското раководство соопшти дека одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да го признае Ерусалим за претстолнина на Израел го смета како објава за војна, изјави членот на извршната комисија на Организацијата за ослободување на Палестина Васел Абу Јосиф. Тој истакнува дека палестинските власти нема повеќе да примаат никакви американски делегации, помеѓу останатото ниту потпретседателот на САД Мајкл Пенс, кој би требало наскоро да допатува во Рамала

„Ниту една американска делегација не е добредојдена на територија на окупираната палестинска држава, како што не е ниту заменикот на американскиот претседател Мајк Пенс. По одлуката на Трамп, ќе ги прекинеме сите преговори со САД, тој потег претставува објава на војна против палестинскиот народ“, рекол Јосиф.

Трамп во средата донесе одлука да го признае Ерусали за претстолнина на Израел, но таа вест наиде на бурна реакција од меѓународната јавност, а посебно арапските земји.

По тоа, Трамп одлучи на Блискиот Исток да го испрати потпретседателот Мајк Пенс да разговара со тамошните лидери за борбата против тероризмот.