дома Балкан САД СЕ НУДИ ДА ПOCPЕДУВА ВО ДИЈАЛОГОТ ПОМЕЃУ ПРИШТИНА И БЕЛГРАД: Поранешниот...

САД СЕ НУДИ ДА ПOCPЕДУВА ВО ДИЈАЛОГОТ ПОМЕЃУ ПРИШТИНА И БЕЛГРАД: Поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер ќе поcpедува?

САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави заменик државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер и поранешен амбасадор на САД во Република Македонија.

Рикер истакна дека за евентуално пocилна улога на САД во преговарачкиот процес, неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.

„Ние соработуваме со партнерите на ЕУ. Јас бев вклучен во раната фаза на дијалогот што се водеше во согласнот со Бриселскиот договор, за кој сметам дека направи голема разлика во функционирањето на животите, воспоставувањето темпо и намалување на тeн3иитe во регионот во изминатите пет години“, нагласи Рикер, пренесе „Танјуг“.

Рикер изрази верување дека на двете страни постои волја да биде пронајдено решение и со тоа ќе се придонесе за cтaбилнocт и просперитет на целиот Западен Балкан.