дома Свет САД СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА: BOEHИ БРОДОВИ НА САД НАВЛЕГЛЕ ВО ВОДИТЕ НА...

САД СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА: BOEHИ БРОДОВИ НА САД НАВЛЕГЛЕ ВО ВОДИТЕ НА КИНА!

Две американски вoeни бродови поминале покрај остров во Јужно кинеско море, кој е под надлежност на Кина, изјави анонимен американски функционер.

Ова би можело да го разлути Пекинг сега кога односите помеѓу двете најголеми светски економии се затегнати, оценува Ројтерс.

Анонимниот извор изјавил дека два разорувачи пловеле на околу 12 наутички милји од гребенот Мисчиф, кој е дел од спорниот остров Спретли.

Кина има надлежност на поголем дел од Јужното кинеско море и има изградено остров на гребените опремен со вoeни објекти.

Односите помеѓу Кина и САД се влошени поради трговскиот спор кој истекува и треба да се обнови на 1ви март.