дома КОВИД-19 (Коронавирус) САД со оптимизам: Ќе имунизираат 100 милиони луѓе до 1 април 2021

САД со оптимизам: Ќе имунизираат 100 милиони луѓе до 1 април 2021

САД очекуваат да имунизираат 100 милиони луѓе со вакцина за коронавирус до крајот на првиот квартал од следната година, изјави денеска шефот на американската програма за брз развој на вакцината за коронавирус, д-р Монсеф Слауи.

„Ќе имунизираме 100 милиони луѓе до крајот на првиот квартал на 2021 година“.

Тој изјави дека Соединетите држави се надеваат дека ќе имаат околу 40 милиони дози на вакцина до крајот на декември, уште 50 милиони до 80 милиони во јануари, а исто толку во февруари.

Вакцината е неопходна двапати да се аплицира за да има ефект имунизацијата.